Неколку стотици грчки пензионери протестираа денеска против ЕУ, марширајќи до претставништвото на Унијата и демонстрираа против планираните намалувања во склоп на острите мерки за штедење.
Извикувајќи анти-европски пароли, околу 300 пензионери маршираа мирно до зградата на ЕУ пред која го запалија знамето на ЕУ, пренесува АП.
Двата најголеми синдикати во Грција повикаа на денешните одвоени протести против новите мерки за штедење.
Грција, која е потресена од длабока криза, се потпира на меѓународната помош, која е поврзана со мерките за штедење, за намалување на буџетскиот дефицит.