Грчки медиуми: Ставрос Димас утре најверојатно нема да биде избран за претседател

Од:

Кандидатот за претседател од владејачката коалиција, Ставрос Димас може да добие 169 гласови за поддршка во вториот круг гласање во парламентот, но ќе му недостигаат 11 гласа од потребните 180 за третиот решавачки круг, јавуваат грчки медиуми.

– Веќе има неколку дополнителни гласови за негова поддршка, но сметам дека шансите за избор на претседател се исклучително мали, вели социологот Костас Папагопулос.

Се очекува Димас да не биде избран утре, но гласањето ќе покаже какви се шансите за последноте гласање. Само петмина независни пратеници го поддржаа Димас во првиот круг каде собра 160 гласови.

Премиерот Андонис Самарас чиј мандат истекува во средината на 2016 година, ги повика пратениците за поддршка ветувајќи привлекување за гласање на повеќе проевропски независни пратеници и парламентарни избори во крајот на 2015 година во замена за поддршка за Димас. Партијата Сириза и малите партии Демократска левица и Независни Грци го отфрлија предлогот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит