Грчки медиуми: Аврамопулос со јасна порака до Скопје и Тирана

Од:

Само неколку дена пред самитот на ЕУ на кој ќе биде донесена одлука дали на Македонија ќе и се одреди датум за почеток на преговори за членство во Унијата, грчките политичари и медиуми се враќаат на веќе познатата реторика за „национализмот на соседните земји“.

„Аврамопулос му испрати јасна порака на Скопје од самитот на НАТО“, „Порака на Аврамопулос до Скопје и Тирана“, „Пораст на национализам и популизам кај соседните земји“, се само некои од насловите во грчките медиуми, меѓу кои се „Нафтемборики“, Скај и други, кои ја пренесуваат вчерашната изјава на шефот на грчката дипломатија во Брисел.

– Порастот на национализам и популизам во некои од нашите соседни земји е извор на голема загриженост. Јасно ставив до знаење на сите страни дека таквото однесување не е прифатливо. Земјите кандидати, без разлика дали зборуваме за НАТО или ЕУ, мора да ги почитуваат принципите и вредностите на Европа. Попусти нема да се прават и сите критериуми и услови мора да се исполнат, рече дипломатски Аврамопулос по вчерашниот состанок на НАТО, без да прецизира на кои точно „соседни земји“ мисли.

Некои медиуми, како на пример „Њузнау“, од ставот на Аврамоулос го извлекуваат само делот во кој тој вели дека „политиката на отворени врати на НАТО, не треба да се меша со отворена забава на која секој може да дојде непоканет“.

Според државната агенција АНА-МПА, Аврамопулос ја потврдил поддршката на Грција за процесот на проширување на НАТО, со цел зачувување на мирот, безбедноста и напредокот, но предупредил дека проширувањето е „политика на отворени врати, а не е отворена забава“.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски