Грчката Влада засега не размислува за избори, ниту за референдум

Од:

Нема договор се додека не стане збор за пакет договори, изјави грчкиот министер за внатрешни работи Никос Вуцис за телевизијата „Антена“, јави дописникот на МИА од Атина.

– Тоа значи дека ако не постои конечен договор, ништо нема да се применува, бидејќи ние не продолжуваме чекор по чекор, објасни тој.

Вуцис истакна дека целосниот пакет предлози ќе бидат познати во следните неколку дена, и појасни оти за основниот договор што ќе биде постигнат по јуни во врска со долгот и пакетот за раст, нема да има повеќе претпоставки.

Грчкиот министер увери дека Владата има пари за плати и пензии и додаде дека клучен период е од 29 Мај до 6 јуни, кога треба да се плати првата транша на ММФ.

Во врска со преговорите, тој рече дека главниот проблем е примарниот суфицит.

– Ако тие инсистираат на 2,0 до 2,5 проценти примарен суфицит за 2015-2016 и 3,5 проценти суфицит во наредните години, наместо 0,8 до 1,0 проценти како што првично беше планирано, тоа ќе биде пречка во преговорите, рече тој.

Вуцис на крајот подвлече дека Владата сака сите политички иницијативи да се решаваат и расчистуваат во Парламентот и оти, во моментов, на агендата на Владата не се ниту избори, ниту референдум.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит