Грчката Влада во потрага по 180 пратеници за избор на претседател

Од:

Грчката Влада води тајни и задкулисни преговори во Парламентот со цел да обезбеди мнозинство од 180 пратеници за избор на шеф на државта на гласањето во февруари идната година, тврди атинскиот весник „Етнос“.

Главна цел на овој „лов“ на гласови се независните пратеници во Парламентот, со кој владината колаиција би можела да го обезбеди неопходното мнозинство без пазарања и без подлегнување на уцените и условите на опозициските партии.

Според весникот, консултациите околку обезбедувањето на „претседателско мнозинство“ навлегле во завршна фаза.

– Сите играат со отворени карти и кројат планови за по изборот на нов шеф на државата, наведува „Етнос“.

Двете партии од владината коалиција, конзервативната Нова демократија и Сегрчкото социјалистичко движење (ПАСОК) имаат тесно мнозинство од само 154 пратеници во 300-члениот Парламент и за изборот на пратседател им недостигаат уште 26 гласа.

Нова демократија и ПАСОК ќе можат да сметаат и на гласовите на 14-те пратеници на партијата Независни Грци и ќе мора да обезбедат поддршка од најмлаку 12 од вкупно 23-та независни пратеници.

Анлиитчарите сметаат дека ако грчкиот премиер Андонис Самарас успее да постигне договор си „тројката“ меѓународни кредитори за откажување од планот за спас, тогаш би можел да обебзеди и доволно мнозинство за избор на претседател и да избегне предвремени избори. Согласно грчкото законодвство, ако Парламентот не успее да избре шеф на државата, тогаш тој се распушта и се распишуваат предвремени избори, сценарио на кое се надева опозициската Коалиција на радикалната левица (Сириза).

Во рамки на напорите за обезбедување „претседтелско мнозинство“, Владата на Самарас најави дополнителни даночни олеснувања, што според аналитичарите, сепак нема да биде доволно некои пратеници од опозицијата да застанат зад владејачката коалиција.

Самарас од своја страна верува дека со откажувањето од програмите за спас, на што инсистира поголемиот дел од опозицијата, со намалувањето на даночните стапки и со позитивите економски показатели, сепак ќе може да ги избегне предвремените избори.

Последните анкети на јавното мислење покажуваат дека доколку сега се одржат избори, Сириза би освоила 21,7 отсто од гласовите, а Нова демократија 18,4 проценти. Натаму следуваат новата партија Реката со 6,9, Комунистичката партија на Грција (ККЕ) со 4,1, Златна зора со 4, ПАСОК со 3,7 и Независни Грци со 2,6 проценти.

Ваквите резултата укажуваат дека ниту една партија не би можела самостојно да формира Влада и дека најверојтнао и идниот грчки владин Кабинет би бил коалициски.

Кога станува збор пак за популарноста на партиските лидери, 44 проценти од Грците имаат доверба во лидерот на Сириза, Алексис Ципрас, а 42 отсто во премиерот Самарас.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит