Грчката влада тврди дека туризмот не е причина за зголемениот број случаи на Ковид-19

Од:

Од вкупниот број позитивни случаи од 1 јули, 17 отсто се кај туристите во Грција, а останатите 83 проценти во внатрешноста на земјата, изјави заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, истакнувајќи дека зголемениот број случаи не се должи на туризмот.

– Одговорен е туризмот за нагорниот тренд на случаи што се забележува во нашата земја? Одговорот е категорично не. Прво, бидејќи врз основа на системот ПЛФ, што сите туристи, без исклучок го пополнуваат и во светот прва го воведе Грција за да спроведуваат конкретни тестирања, регистрираните позитивни увезени случаи се 615 од 319.379 направени анализи на влезните точки во земјата од 1 јули, а преку кои влегоа вкупно 2.592.853 лица. Овие 615 случаи претставуваат 17 отсто од вкупните 3.666 регистрирани случаи од 1 јули до вчера. Ова значи дека 83 проценти од случаите се во внатрешноста, рече заменик-министерот за цивилна заштита на Грција.

Паралелно, соопшти дека се подготвуваат специјални протоколи за оние кои ќе се вратат на работа по летните одмори, како и за отворањето на училиштата и за почетокот на учебната година.

На денешната прес конференција, Хардаљас и заменик-министерот за здравство Василис Кондозаманис, категорично демантираа дека во земјата се кријат позитивни случаи или пак дека не се соопштуваат случаи.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски