Грчката Влада пристапи кон мобилизација на штрајкувачите од Националната енергетска компанија

Од:

Грчката Влада пристапи кон граѓанска мобилизација на штрајкувачите од Националната енергетска компанија ДЕИ, откако синдикатите одбија да се сообразат со одлуката на судот, кој нивниот штрајк го оцени за незаконски и штетен, пренесе радио Атина.

-Законите и судските одлуки треба да бидат почитувани од сите и државниот интерес треба да е на прво место, изјави владината порпаролка Софија Вултепси, соопштувајќи дека владиниот кабинет ја почнал граѓанската мобилизација на вработените во деловите од енергетската компанија.

Вработените во најголемиот производител на електрична енергија во Грција почнаа серија од 48-часовни штрајкови заради поделбата на друштвото на помали компании и намерата на Владата на Самарас за нивна приватизација. Атина планира во 2015 година да приватизира до 30 отсто од компанијата.

Заради штрајкот во моментов не работат 14 електроцентрали.

Енергетската компанија не ја исклучува можноста во текот на викендот да има запирања на струјата.

Синдикатите најавија дека доколку Владата пристапи кон граѓанска мобилизација, тие ќе најдат други форми на протестирање.

Опозицијата во Грција бара референдум за приватизацијата на електрокомпанијата.

Штрајкувачите стравуваат дека приватизацијата на компанијата ќе доведе до раст на цената на струјата и до намалување на работните места.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит