Грчката Влада ќе објави оглас за вработување во новиот јавен РТВ сервис

Од:

Грчката Влада деновиве ќе објави оглас за вработување на две илјади лица во новиот јавен радиодифузен сервис кој ќе го замени ЕРТ, јави дописникот на МИА од Атина.

Заменик-министерот за култура Пантелис Капсис, кој е задолжен за формирање на новиот јавен РТВ сервис, изјави дека Владата веднаш ќе вработи 500 лица. Тој информира дека уште 1.500 ќе бидат ангажирани откако сегашниот персонал ќе го напушти седиштето на ЕРТ, од каде се уште емитува телевизиски програми онлајн во знак на протест поради одлуката на

Владата да ја го затврои државниот медиум. Капсис, исто така, информира дека повеќето од новите вработени ќе бидат од постоечкиот персонал на ЕРТ, каде работат околу 2.600 лица. Пријавите за работните места во новата РТВ ќе бидат во надлежност на Министерството за финансии.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит