Грчката Влада ќе го тужи „Гардијан“

Од:

Грчкиот министер за јавен ред Никос Дендиас соопшти дека Владата на Грција планира да поднесе тужба против „Гардијан“ по извештајот објавен во британскиот весник за група демонстранти кои биле малтретирани од страна на грчки полицајци по судир со приврзаниците на неонацистичката „Златна зора“ минатиот месец.

Тврдењата за малтретирање во изјава за „Гардијан“ ги потврдил адвокатот на демонстрантите.

Извесен број демонстранти кои биле уапсени по протестот на 30 септември за британскиот весник изјавиле дека полицајците ги удирале, ги плукале и им ги гореле рацете со цигари. Тие, исто така, тврделе дека биле држени будни во текот на ноќта со употреба на факели и ласери.

Според нивниот адвокат Димитрис Кацарис, демонстрантите претрпеле „Абу Граиб стил на понижување” од страна на атинската полиција.

Дендиас од парламентарната говорница денеска рече дека форензичките извештаи кои допрва треба да бидат објавени, ќе покажат дека такво малтретирање никогаш не се случило. Според министерот, демонстрантите биле повредени во инциденти со екстремно десничарските групи, како и во судири со припадници на грчката полиција.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски