Грчката влада го продолжи карантинот, се воведува „самотестирање“

Од:

Актуелните рестрикции во Грција, односно карантинот, полицискиот час и посебните мерки за црвената и темноцрвената зона, продолжени се за уште една седмица, односно до 5 април, како што беше попладнево соопштено на редовната прес-конференција за ситуацијата со пандемијата во земјата.

Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас рече дека кон средината на следната седмица надлежната комисија на епидемиолози ќе ја разгледа можноста за отворање на малопродажбата, училиштата, како и да се дозволи движење на граѓаните од една во друга општина.

Важно „оружје“ во отворањето на активностите, како што рекоа и Хардаљас и алтернативниот министер за здравство на Грција, Василис Кондозаманис, ќе биде можноста граѓаните сами, во нивните домови да се тестираат.

Кондозаманис, на денешната прес-конференцијата објасни дека од почетокот на април, тестовите бесплатно ќе бидат достапни за граѓаните преку аптеките, по еден тест седмично во период од два месеца, а во првата фаза се разгледува можноста приоритет да имаат лицата до 67 години, како и „економски активните граѓани“.

Во случај на позитивен резултат, ќе треба да се пријави на специјална платформа и ќе се прави дополнителен тест за проверка, додека пак во следниот период ќе има детални протоколи за начинот на употреба.

Алтернативниот министер за здравство на Грција рече дека за постепено отпочнување на економската активност во земјата, вработените во поморството, малопродажбата, во големите компании, во туризмот, во угостителството и судството, задолжително ќе треба да прават брзи тестови еднаш седмично.

Паралелно, Владата, според Кондозаманис, ќе донесе законска одредба за задолжителна употреба на „self testing“, еднаш седмично за просветните работници и учениците, за безбедно отворање на училиштата.

За останатите граѓани, тестовите за домашна употреба нема да бидат задолжителни.

Новиот вид тестови, во комбинација со процесот на имунизација според грчката Влада ќе овозможат полесно отворање на земјата.

Грција од 7 ноември 2020 година е во карантин и со воведен полициски час, со исклучок на мали временски периоди кога постоеше олабавување на мерки, додека пак областа Атика, поширокиот регион на Атина во строг карантин е од 11 февруари.

Од минатиот викенд полициски час во целата земја е од 21 наместо од 19 часот, а во понеделникот се отворија археолошките локалитети и фризерските и козметичките салони.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната