Грчката полиција заплени големо количество шверцувани пестициди, кои биле продадени од бугарски државјанин, јави БТА.
Препаратите, кои се наоѓале во 298 пакети и 90 пластични канти, немаат дозвола за продажба на грчкиот пазар, а се откриени во северната грчка област Еврос. Упасен е 45-годишен маж, кој ги купил пестицидите од Бугарин во реонот на градот Орестиада.
Според информациите, уапсениот и претходно се занимавал со нелегална трговија на вакви препарати, произведени во Турција.
Во последните години незаконското внесување на недозволени и често опасни пестициди, главно од Турција, достигна загржувачки размери во Грција. Тоа има негативни последици врз здравјето на луѓето и животната средина, но и врз грчката економија, поради неплатените даноци.
За справување со проблемот ангажирани се контролните власти на европско ниво, како ЕВРОПОЛ и европскиот орган за безбедност на храната ЕФСА, бидејќи конкретните препарати често содржат токсични материи кои се забранети со актуелниот европски закон.