Полицијата во грчкиот град Патрас откри 150 килограми хашиш во камион кој превезувал лубеници за Италија.
Пристанишните власти го пребарале камионот пред тој да се качи на брод за Италија и ја пронашле дрогата во 137 пластични кеси спакувани во 14 картонски кутии, кои биле скриени меѓу дрвените контејнери со лубеници.
Уапсен е 45-годишниот возач на камионот, а полицијата го истражува потеклото на пратката и луѓето кои биле вклучени во шверцот на дрогата.