Грчката полиција употреби солзавец за растурање на штрајкот на вработените во образованието

Од:

Грчката полиција употреби солзавец за да растера школски чувари кои се обидуваа денеска да влезат во зградата на Министерството за административни реформи во Атина откако наставниците почнаа штрајк против отпуштања во државниот сектор и присилни измени на раборни места со кои се опфатени и чуварите.

– Околу 70 школски чувари се обидоа да упаднат во зградата на Министесртвото, но полицијата ги спречи во намерата, изјави еден од полициските официјални лица.

Синдикатот на наставници во средните училишта почна денеска со штрајк истакнувајќи дека отпуштањата или префрлањата на други работни места се повеќе ќе ги загрози домаќинствата кои се погодени од мерките за штедење. Наставниците во основните училишта исто така на три часа ја запреа работата.

Би можело да ве интересира

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до договорот за промена на името

Орце Костов

Договорот од Преспа не се менува и не се ревидира еднострано, нова порака од Грција

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска