Грчката полиција соопшти дека во земјата не се регрутираат ниту обучуваат џихадисти

Од:

Грција не е терен за обука на џихадисти, соопшти грчката полиција како одговор на информациите во локалните медиуми дека на грчка територија се регрутираат и се обучуваат радикални исламисти.

Полицијата во соопштението нагласи дека е спроведена истрага во компанија со седиште во Макропуло, источна Атика, по претходни извештаи дека фирмата обучувала Грци и странски државјани за пилоти и авионски инженери, јави дописникот на МИА од Атина.

Дозвола за работа на фирмата и е укината во јули годинава откако биле откриени „сериозни неправилности“ во нејзината работа, се вели во полициското соопштение.

„Истрагата не обезбеди докази или индикации за обука на џихадисти, ниту за нивно учество во работата на фирмата“ се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица