Грчката полиција привела двајца Грци за измами со игри на среќа во Германија

Од:

Грчката полиција соопшти дека привела двајца Грци, кои се осомничени дека измамиле над 300.000 лица од Германија, од кои на нелегален начин одзеле 36,5 милиони евра, убедувајќи ги да уплаќаат месечни ануитети за непостоечки игри на среќа.

Двајцата приведени, на возраст од од 36 и 44 години, се обвинети дека од јануари 2009 до ноември 2012 година организирале огромна измама што предизвикала штети кај 360.000 лица од Германија, со кои телефонски се поврзувале и успевале да ги убедат секој месец да уплаќаат по 29,90 евра за фиктивни лотариски игри.

Според полицијата, измамниците првично нелегално се здобиле со координатите на љубителите на игри на среќа, а потоа употребувале „специјално обучен персонал“ за да ги привлечат своите жртви со ветувања за добивање автомобили, патувања, пари….

Истрагата ја спроведува грчката полиција во тесна соработка со германските власти.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит