Грчката полиција откри уште четири случаи на детска порнографија

Од:

Одделот за борба со електронски криминал на грчката полиција, открила четири нови случаи на детска порнографија со материјал од над 1.800 фајлови и веќе се уапсени две лица, а против други две лица е поднесена кривична пријава, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција соопштија дека во рамките на активностите за спречување и сузбивање на појави на детска порнографија и по повеќемесечно детално онлајн истражување и анализа на дигитални податоци, биле идентификувани интернет корисници на грчка територија, кои поседувале вкупно 1.874 фајлови со детска порнографија.

Веднаш било известено надлежното обвинителство, а во понатамошната истрага биле откриени податоците на конкретните интернет корисници, по што бил извршен и претрес во нивните домови, во периодот од 24 октомври до 7 ноември 2022 година и биле пронајдени и одземени компјутер, хард дискови и усб.

При направениот увид биле откриени видеа и фотографии со детска порнографија и уапсени двајца од четворицата интернет корисници.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната