Грчката полиција на плажа пронашла 830 килограми дрога

Од:

Грчката полиција е во потрага по нарко дилери кои  на една плажа на југот на земјата оставиле 830 килограми марихуана, пренесе Танјуг.

Во соопштението на полицијата се наведува дека дрогата е најдена во близина на пристанишниот град Килини, во регионот на Пелопонез, на околу 250 километри југозападно од Атина.

Марихуаната била спакувана во 56 пакетчиња, а полицијата истражува дали едно возило, најдено во близина, било користено од непознатите дилери.

Како што соопшти полицијата, се уште не е јасно дали дрогата била донесена до плажата по море или од таму требало да ја преземе некој брод и да ја префрли на друго место.

Пакетичињата марихуана се најдени по дојава, а полицијата не ја наведе проценката за вредноста на запленетата дрога.

Би можело да ве интересира

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до договорот за промена на името

Орце Костов

Договорот од Преспа не се менува и не се ревидира еднострано, нова порака од Грција

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска