Грчката полиција изведе апсења на бегалци кои се обиделе на плоштадот Синтагма, во центарот на Атина, да кренат шатори, информира агенцијата АНА-МПА.
Полицијата привела 40 бегалци, кои со својот багаж дошле од Пиреја, придружувани во знак на солидарност од претставници на организацииите за правата на човекот.
Бегалците, меѓу кои имало жени и деца, организирале протестна прошетка до станицата на метрото во Пиреја.