Грчката партија СИРИЗА со големи шанси да дојде на власт по изборите на 25 јануари

Од:

Грчката опозициска партија СИРИЗА има големи шанси да ја преземе власта по изборите на 25 јануари, што предизвика паника во еврозоната.

Резултатите од една анкета извршена во последните денови од минатата година покажуваат дека СИРИЗА, која е против спасувачките договори со меѓународните кредитори на земјата, би освоила 28,1 отсто од гласовите, а Нова демократија на актуелниот премиер Андонис Самарас, 25,1 отсто.

Сепак СИРИЗА не би имала парламентарно мнозинство, што ќе и дозволи да состави влада и ќе мора да бара сојузници меѓу помалите партии.

– Политичкиот пејзаж засега не е познат, бидејќи не се знае кои од помалите партии ќе влезат во Парламентот и кои би можеле да учествуваат во коалиција со СИРИЗА, наведува социологот Манолис Алексакис.

Радикалната левица сака да стави крај на економската политика и да започнат нови преговори со ЕУ и ММФ за ново преструктуирање на државниот долг.

Премиерот Самарас предложи одржување на предвремени парламентарни избори на 25 јануари, откако Парламентот не успеа во третиот и последен круг на 29 декември да избере шеф на државата.

Доколку СИРИЗА не најде коалициски партнер ќе треба да се свикаат нови избори, како што се случи во мај 2012 година во најтешкиот период на грчката криза.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит