Грчката опозицијата незадоволна од договорот со Еврогрупата

Од:

Новата грчка Влада подготвува меморандум број три со кредиторите, изјави лидерот на ПАСОК, Евангелос Венизелос, додавајќи оти преговорите ја враќаат Грција километри назад.

Тој истакна дека Владата требало да ги следи нивните позиции и наместо спасувачката програма да ја продолжува за четири месеци требала да договори превентивна кредитна линија.

– Никаква пропаганда и никакви пируети не поминуваат пред очигледниот факт, дека власта лажеше и продаваше илузии, посочи Венизелос.

Грчката комунистичка партија исто така го критикува вчера постигнатиот договор бидејќи тој предвидува построг надзор од кредиторите и продолжување на антинародните реформи.

Договорот со Еврогрупата е мал чекор во нова насока, изјави грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис, коментирајќи го договорот што Атина го постигна со министрите за финансии од еврозоната со кој спасувачката програма за Грција се продолжува за четири месеци.

Според Варуфакис, договорот ќе и овозможи на земјата повторно да изгради нови односи со партнерите од ЕУ.

– Четиримесечниот период ќе биде време во кое треба повторно да бидат изградени нови односи со Европа и Меѓународниот монетарен фонд, изјави тој.

Атина со доверителите од еврозоната синоќа постигна договор за продолжување на заемот за спас на земјата, кој требаше да истече на 28 февруари, што се смета за чекор кој би требало да ја смири загриженоста дека Грција оди кон излез од еврозоната, коментираат аналитичарите.

Грција до понеделник вечер треба да достави список со мерки за реформи во областа на борбата против фискалните измами и корупцијата, како и на државната администрација.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит