Грчката крајбрежна служба спаси 106 лица во близина на островот Кос

Од:

Грчката крајбрежна служба синоќа, јужно од островот Кос, лоцирала полупотонат чамец и спасила над 100 лица од различна националност, кои успеале самите да стигнат на брегот, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од Крајбрежната служба на Грција, вкупно 106 лица, од кои 72 мажи, 14 жени и 20 деца, биле пронајдени на брегот, во добра здравствена состојба и ќе бидат пренесени во центарот за прием на бегалци и мигранти на Кос.

По откривањето на чамецот и лицата, продолжила акцијата и на копно и во вода за евентуални исчезнати лица, но без резултат, а спасените изјавиле дека ниту еден сопатник не исчезнал.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната