Грчката агенција за приватизација со нов директор

Од:

 Извршниот директор на атинскиот водовод и канализација ЕУДАП, Стелиос Ставридис ќе биде нов директор на грчката Агенција за приватизација.

Оваа одлука, како што јави дописникот на МИА од Атина, е објавена денеска, откако досегашниот директорт на Фондот за приватизација (ТАИПЕД), Такис Атаносопулос викендов поднесе оставка.

Атанасопулос е еден од тројцата државни функционери кои во последните три дена се повлекоа  од функциите поради истрага во поранешниот борд на Јавната корпорација за струја.

Генералниот директор за индустрија во Министерстото за развој Спирос Ефстатопулос денеска соопшти дека се повлекува од функцијата, откако беше соопштено дека се подигнуваат обвиненија за злоупотреба на должноста против поранешните менаџери во Јавната корпорација за струја.

Атанасопулос и генералниот секретар во Министерството за финансии Јоргос Мергос оставки поднесоа во саботата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит