Грчка влада: Сертификатот за вакцинација нема да биде наметнат за патување – целта е да се намали бирократијата

Од:

Сертификатот за вакцинација е за лицата кои сакаат да имаат потврда, да покажат дека се вакцинирани и веројатно да не мораат да прават тест, а со тоа да се намали бирократијата при патувањата, рече портпаролот на грчката Влада Христос Тарандилис во однос на предлогот на Грција – ЕУ да воведе сертификат за вакцинација.

Тој објасни дека за нив, бидејќи Грција е туристичка земја, важно е процедурите и бирократијата да се колку е можно помали и „токму во оваа насока е идејата за сертификатот за вакцинација“.

-Не станува збор за passport, за пасош. Го кажувам ова, бидејќи се споменуваше дека ова ќе се наметне за движење од една земја во друга. Не, нема да се наметнува. Она што го предложивме ние е кодификација на таков начин за цела Европа за кога некој патува од една земја во друга, наместо да му бараат да прави ковид тест, да го покажува сертификатот и да може лесно и со помалку бирократија да се движи од една земја во друга, објасни Тарандилис.

За конкретниот предлог на грчката Влада станало збор и на состанокот на лидерите на земјите од „Covid-19 Management Group“, односно премиерите на Грција, Данска, Норвешка, Чешка, Австралија, Израел и канцеларот на Австрија.

Како што соопштија од кабинетот на грчкиот премиер, Мицотакис повторил дека целта на конкретниот предлог не е да ги подели Европејците, туку да се стандардизира на европско ниво сертификатот за вакцинација, бидејќи „ на еден или друг начин, на оние кои ќе патуваат, ќе им се бара некаква потврда, без разлика дали станува збор за сертификат или негативен тест за коронавирус “.

Дополнително, истакнал дека целта на предлогот е да се олеснат слободното движење и патувањата и додал дека патувањето од Израел на пролет може да бидат „пилот“ за таков предлог, бидејќи Израел дотогаш ќе има вакцинирано голем дел од населението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини