Грчка НВО за заштита на животната средина одби донација од „Златна зора“

Од:

Одделот за заштита на мечки на грчката НВО „Арктурос“ соопшти дека ќе ја одбие донацијата во износ од пет илјади евра од неонацискитчката „Златна зора“, иако организацијата недамна упати апел за донации за да не биде затворена.

Овој чекор на „Арктурос“ следува откако неонацистичката партија, со цел политички маркетинг, објави дека донирала пари на невладината организација, затоа што нејзиниот лидер Никос Михалолиакос е голем љубител на животни.

„Арктурос признава дека беше грешка што ја прифати оваа донација и затоа одлучи да го врати подарокот и ги враќа парите на партијата под прашање“, се вели во соопштението од организацијата. „Арктурос“ е грчка невладина организација за заштита на животната средина.

Таа пред 21 година прво почнала да работи со цел да се запре злоупотреба на мечките кои играат, а потоа ги проширила своите активности на заштита на флората и другите животни.

Би можело да ве интересира

Тринаесетгодишно девојче загина од гром на плажа на Халкидики

Предраг Петровиќ

Грција: Раководството на Северна Македонија се враќа на дејствија што алудираат на иредентизам

Големи пожари избувнаа низ Грција, пристигнуваат хеликоптери за да им помогнат на пожарникарите

Горан Наумовски

Маринакис: Постои само едно толкување на ерга омнес

Катерина Ѓуровски

Грчки медиуми: Владата на Мицкоски доби доверба од Собранието – положи заклетва под уставното име

Мицкоски трипати ја нарече неговата земја „Македонија“ пишуваат грчките медиуми