Градскиот суд во Софија им одреди притвор на четворицата странци кои и помагале на атентаторката во Истанбул

Од:

Софискиот градски суд им одреди притвор на четворицата осомничени за соучесништво во нападот во Истанбул пред една недела, јави дописникот на МИА од Софија.

Според судот, нема докази дека се соучесници во нападот, освен податоци од електронска апликација во телефон. Но, тие остануваат во притвор поради сомнение за канализирање. Само за четворица од приведените, софиското обвинителство побара трајно приведување, бидејќи петтообвинетата – жена со здравствени проблеми, истражителите процениле дека нема да биде во притвор. Четворицата се Сириецот Амран Абдулрами, Петар Топал, кој има двојно државјанство – бугарско и молдавско, како и молдавските државјани Иван Калак и Леонид Аксакал.

Освен за помагање на терористичка дејност, тие се обвинети и за „канализирање“, трговија со луѓе и криумчарење, коментираше обвинителот од софиското градско обвинителство, Ангел Канев.

Според судијата во случајот, Тони Гетов, единствената врска со нападот е мобилен телефон, преку кој Абдулрами остварил контакт со наводен учесник во нападот.

Во случајот има податоци дека приведените повеќе пати превезувале илегални мигранти од Турција во Бугарија. Судот прифати дека постои реална опасност тие да побегнат и да направат кривично дело бидејќи не се трајно поврзани со територијата на Бугарија. Според доказите, транспортот на мигрантите се вршел и во тајни делови во автобуси. Се претпоставува дека на 13 ноември кон Бугарија тргнал Билал Хасан, обвинет дека е директно поврзан со нападот во Истанбул. Во судницата стана јасно дека Хасан патувал од Истанбул до Едрене во таков таен дел, но по судир со друг патник – жена, бил префрлен во автомобил. Предметниот џип со бугарска регистрација го управувало лице по име Михаил, за кого нема други информации во случајот.

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски