Градоначалникот на Истанбул поднесе оставка

Од:

Градоначалникот на Истанбул, Кадир Топбаш денеска соопшти дека поднесува оставка на функцијата.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, Топбаш, кој е член на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, не наведе конкретни причини поради кои се повлекува од функцијата.

Оставката доаѓа откако 72-годишниот Топбаш стави вето на пет плана за измени во градот, но неговата одлука потоа беше поништена од страна на членовите на неговата партија.

Топбаш на денеска одржаната прес-конференција нагласи дека иако поднесува оставка од функцијата градоначалник, сепак нема да ја напушти АКП.

Тој беше градоначалник на 15-милионскиот Истанбул, кој е главен турски финансиски центар и најголем град во земјата, од 2004 година.

Неговиот зет минатата година беше уапсен под обвинение за наводни врски со движењето на исламскиот проповедник, Фетулах Ѓулен, кого Турција го обвинува дека стои зад ланскиот неуспешен обид за државен удар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски