Градоначалникот на Атина бил нападнат од група демонстранти

Од:

Градоначалникот на Атина Јоргос Каминис беше нападнат од група демонстранти, кои демонстрирале против масовните отпуштања на службеници во државниот сектор.

Нападот се случил додека градоначалникот излегувал од работна средба со други градоначалници. Се претпоставува дека врз него се нафрлиле членови на синдикати, незадоволни од плановите на Владата.

Атинскиот градоначалник не се здобил со сериозни повреди во нападот. Општините во Грција денеска нема да работат во знак на протест против плановите на властите да бидат отпуштени за една година 12,5 илјади државни службеници. 24-часовен штрајк објавија и вработени во општинската полиција.

На повик на синдикатот АДЕДИ државните службеници денеска ја запираат работата од 12 часот до крајот на работниот ден.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит