Од засега непознати причини, под Јадранската магистрала кај Дубровник избувна пожар и според возачите на контролната група Радар, тој со молскавична брзина се шири кон патот кон Босанка.
Се предупредуваат возачите да го избегнуваат автопатот за да можат пожарникарите да пристигнат што е можно побрзо и полесно за да интервенираат. Се уште не е познато дали пожарот избувнал спонтано поради големата топлина или го предизвикал невнимателен возач“, пишува Дубровник Хералд.
Во меѓувреме, полицијата го регулира сообраќајот и се пренасочува на алтернативни правци.
Дубац е затворен за сообраќај, возачите се пренасочуваат преку Бргат, а во прекин е сообраќајот и од клучката Илина главица кон автопатот.