Голоб по изборната победа во Словенија: Денеска танцувајте, утре е нов ден

Од:

Партијата Движење за слобода предводена од Роберт Голоб е релативен победник на парламентарните избори во Словенија со најмногу добиени гласови, а на второ место е Словенечката демократска партија (СДС) на актуелниот премиер Јанез Јанша, според излезната анкета објавена во 19 часот.

По затворањето на избирачките места, Голоб им се заблагодари на граѓаните кои излегоа да гласаат и посебно за оние кои му ја донесоа изборната победа.

– Луѓето навистина веруваат дека ние сме единствените кои можеме да донесеме промени. Денеска луѓето танцуваат, утре започнува нов ден и утре ќе почнеме да се обидуваме да ја оправдаме таа доверба, рече Голоб, целиот трогнат и повика: Ајде да танцуваме!

Според излезната анкета на агенцијата Медина која ја објави Словенска телевизија по затворањето на избирачките места, Движењето за слобода доби 35,8 отсто од гласовите, а партијата СДС на Јанша 22,5 отсто.

Според излезната анкета, на трето место е демохристијанската Нова Словенија (НСИ) со 6,8 отсто од гласовите, а по неа се социјалдемократите (СД) на Тања Фајон со 6,6 отсто и Левицата (Л) на Лука Месец со 4,4 отсто.

Државната изборна комисија ги објави и првите делумни официјални резултати. По преброени 10 отсто од гласовите, Движењето за слобода има 30,15 отсто, а СДС на Јанша 27,54 отсто од гласовите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг