Големо невреме во Словенија

Од:

Словенија беше зафатена од силен ветер и поројни дождови, кои предизвикаа поплави на неколку регионални патишта поради излевањето на водата од реките, искорнати се дрвја, додека дел од Љубљана остана без струја.

Најташка е ситуацијата во северозападниот дел на земјата, каде се излила водата од реката Соча. Неколку други патишта се блокирани поради лизгање на земјиштето, потврди Зоран Бовеца од регионалната Цивилна заштита.

Во некои делови од Словенија, тимови на Цивилната заштита морале да интервенираат и по неколку пати.

Некои патишта се затворени, вклучувајќи го и главниот патен правец меѓу езерата Бохињ и Блед, додека возовите не сообраќаат меѓу Бохињска Бистрица и Подбрдо.

На подрачјето на Љубљана околу 4.500 семејства останале без струја.

Екипите на Цивилна заштита и понатаму остануваат во состојба на приправност, бидејќи нови поплави се очекуваат во текот на попладнево во областа на Марибор поради можно излевање на реката Драва. Издадено е и предупредување за словенечкото крајбрежје поради високите бранови кои се очекуваат во комбинација со силниот ветер, што може да доведе до поплави.

Би можело да ве интересира

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија

ВИДЕО: Словенија зафатена од суперќелиска бура

Катерина Ѓуровски