(ВИДЕО) Големо невреме во Хрватска: Поплави во Пула и Риека, автомобили лебдат низ улиците

Од:

Невреме со силен дожд и ветер парализираше дел од Хрватска. Како што јавуваат локалните медиуми, ситуацијата е повеќе од драматична – дрвја паѓаат на коловозот, порои вода течат низ улиците и пливаат автомобили.

Сообраќајот се одвива доста отежнато, а видливоста е намалена, па се препорачува максимална внимателност.

Поради високото ниво на морето поплавен е и центарот на Ровињ, а не помалку критична е состојбата и во Порече. Велат дека во Ровињ морето ги потопило градскиот плоштад и ривиерата. Поради тоа, сообраќајот на оваа површина е забранет за сите возила.

Водата стигнала и до некои кафулиња и ресторани.

На државниот пат ДЦ75 Новиград-Пореч кај Антенал сообраќајот е во прекин поради вода на коловозот.

Глас Истра пишува дека на брегот на Пула пловат автомобили, морето е на работ да се излее, а на една улица паднало дрво на коловозот.

Сообраќајот се одвива доста отежнато, а видливоста е намалена, па се препорачува максимална внимателност.
Поради силен дожд и плима поплавена е улицата до пазарот во Риека, јавува порталот Индекс.

 

Би можело да ве интересира

Хрватското МНР им препорачува на Хрватите да не патуваат во Србија

А1он

Нема опасни препарати во зелката која од Хрватска беше вратена во Македонија

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

ВИДЕО: Објавена снимка од хрватскиот вицепремиер како пука од автомобил на улица, си поднесе оставка

(ВИДЕО) Хрватскиот вицепремиер Јосип Дабро снимен како пука со пиштол низ прозорецот од автомобил

А1он

Куриозитети од изборите во Хрватска: Во место во Далмација, Милановиќ ги доби сите гласови