Големо невреме и драстичен пад на температурите во Истра и Загреб

Од:

По неколкудневните големи горештини што ја зафатија Хрватска, полуостровот Истра и главниот град Загреб ноќеска ги погоди големо невреме, по што температурите денеска драстично се намалија за девет степени Целзиусови, јавија локалните медиуми.

Силниот ветер корнеше дрвја и знаци по патштата, носеше покриви и предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија и застој во сообраќајот, што доведе до вистински хаос.

Една жена е повредена откако врз глава и паднала антена од околните згради. Пожарникарите добиле 150 повици за паднати дрвја.

Неколку часа претходно, како што јави Хина, Хрватска го преживеа веројатно најжешкиот ден во годината досега.

– Поради жештините, загрепската Брза помош имаше за 20 проценти повеќе интервенции, главно повици за колабирани лица и поради проблеми на хронично болните, изјави директорот на Брзата помош, Зринка Јурак.

Според државната метеоролошка служба, температурата вчера во Загреб во 15 часот, изнесувала 38 степени Целзиусови. Истата температура е измерена и во Славонски Брод, Сисак, Осиек, Нова Градишка, Крапина и Жупања.

Би можело да ве интересира

Хрватска ја испушти предноста од два гола и ремизираше со Полска

Хрватите негодуваат на концертите на Александра Пријовиќ: „Системски план на српскиот свет“

(ВИДЕО) Големо невреме во Хрватска: поројот носеше се пред себе, водата влезе во куќите

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит