Големи шумски пожари во Турција

Од:

Голем шумски пожар избувна во реонот меѓу градовите Измир и Маниса. Поради огнот затворен е патот Истанбул – Измир.

Пожарот избувнал околу 14 часот и 30 минути по локално време, а силниот ветер набрзо го проширил огнот.

Во гаснењето на пожарот учествуваат голем број на противпожарни возила, а двата канадери ќе се вратат во Измир поради силниот ветер.

Во меѓувреме, турските медиуми јавија и за шумски пожар во реонот на летувалиштето Бодрум, при што три лица се повредени од вдишување на чад. Огнот стигнал до населбата Кадкалеси, каде има 540 вили, а голем број на туристи ги напуштиле вилите.

Во гаснењето на пожарот во Бодрум испратени се 15 противпожарни возила, голем број пожарникари и 50 шумски работници.

Поради силниот ветер морските бранови во Бодрум достигнуваат висина од пет метри.

Би можело да ве интересира

Тело на маж е пронајдено во запалена куќа

Пожар во старски дом во Кавадарчко, евакуирани 30 станари

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пожар во најголемата фабрика за батерии во светот

Горан Наумовски

Се запали една просторија во Поликлиниката Чаир, нема повредени

Маж и жена починаа во пожар во Крива Паланка

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ