Кипар побара воздушни средства од Израел и од Европската унија за да помогнат во гаснењето на големите пожари што се вон контрола во областа Лимасол. Евакуирани се неколку села.
Портпаролот на противпожарната служба на Кипар Андреас Кетис, преку Твитер, соопшти дека пожарите се блиску до населени места, нанесена е штета на куќи, а со оглед на тоа дека претставуваат опасност за домовите, веќе се евакуирани жителите на три села, но и дека пожарникарите кои не се на служба, повикани се на помош.
Министерот за надворешни работи на Кипар Никос Христодулидис, за кипарската новинска агенција КИПЕ, рече дека е побарано од ЕУ и Израел да испратат четири авиони кои ќе помогнат во гаснењето, а министерот за земјоделство на Костас Кадис објасни дека ситуацијата со пожарите е тешка и затоа е побарана помош и очекуваат набргу да пристигнат авионите.
Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, преку Твитер, соопшти дека за Кипар заминуваат два грчки канадери за да помогнат во гаснењето на пожарот.