Голема кражба на лични податоци во соседна Грција

Од:

Грчките власти водат истрага за голема кражба на лични податоци. Компанија со седиште во Атина незаконски оперирала со повеќе од 120 милиони документи со податоци на грчки државјани, пишува весникот „Етнос“. Покрај податоци на физички лица, откриени се и податоци на фирми. Компанијата располага со даночни декларации, документи за даночни задолжувања, банкарски кредити и податоци за имоти. Како извор на информацијата весникот го наведува Министерството за финансии.

Во четирикатната зграда, каде се наоѓа компанијата, е откриена цела соба со сервери, кои го поддржувале информацискиот систем. Властите водат истрага за тоа дали постои организирана мрежа од службеници, кои изнесуваат податоци од Министерството, со цел да им наштетат на конкретни лица. Експертите сметаат дека за ваквите дејства постојат финансиски мотиви. Ваквите списоци со лични податоци на грчки граѓани на црниот пазар вредат над 100.000 евра, пишува „Етнос“. Ова е трет случај по ред за кражба на податоци во Грција.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната