Голем одѕив на изборите во Црна Гора: до 11 часот гласале 35.4 отсто од гласачите

Од:

До 11 часот гласале вкупно 35,4 проценти од избирачите на парламентарните избори во Црна Гора, објави Центарот за мониторинг и истражување. Ова е многу поголема излезност отколку на изборите во 2016 година, кога до 11 часот гласале 20,7 проценти од запишаните во избирачкиот список.

Како што е наведено, во Подгорица гласале 35,8 проценти од избирачите, во северниот дел од земјата 31,7 отсто и на југ 37,1 отсто.

РТЦГ ги пренесува податоците на Државната изборна комисија дека до 10 часот гласале 23,05 проценти од запишаните гласачи.

Денешните парламентарни избори се единаесетти по воведувањето на повеќепартискиот систем во Црна Гора и петти по прогласувањето на независност на земјата. Парламентарните избори, на кои учествуваат шест коалиции и пет политички партии, ќе ги следат 2.089 набљудувачи, од кои 265 се странски.

Право на глас во Црна Гора имаат 540.026 граѓани кои гласаат на 1.217 избирачки места.

Би можело да ве интересира

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба

ВИДЕО: 12 минути молк на Цетиње за жртвите од масакрот

(ВИДЕО) Нови снимки: Полицијата обвинета дека лажела за фаќањето на убиецот од Цетиње

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот на Цетиње бара меѓународна форензика и оставки на врвот на полицијата

Катерина Ѓуровски

МНР: Солидарни сме со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време