Голем протест во Нови Сад, се судрија граѓаните и полицијата

Од:

Неколку стотици граѓани денеска се собраа кај Шодрош во Нови Сад, протестирајќи против изградбата на нов мост на Дунав. Полицијата со опрема за разбивање протести ја чува оградата на зоната каде што се планирани работите, јави репортерот на N1.

Нешто пред 18 часот дошло до тепачка со полицијата, кога припадниците на жандармеријата се обиделе да оттурнат дел од демонстрантите кон шумата. Три лица се повредени, јави репортерот на N1, додавајќи дека за време на стампедото две лица паднале во Дунав, но веднаш биле извлечени.

Една од повредените изјави за N1 дека се здобила со повреди на главата од штитот со кој била удирана.

Еколошките активисти кои се против изградбата на мостот сметаат дека почетокот на подготвителните работи за изградба на мостот е увертира за изградбата на таканаречениот „Нови Сад на вода“. Активистите кампуваат на Шодрош со месеци, а на претходниот протест одржан на 19 октомври исто така дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата.

Би можело да ве интересира

Продолжен притворот за десетмина осомничени за падот на настрешницата во Нови Сад

А1он

(ВИДЕО) Скандалозно однесување на блокaдерите, нов инцидент во Нови Сад: Постара жена турната

Почина 19-годишниот Вукашин Црнчевиќ кој беше тешко повреден при уривање на настрешница во Нови Сад

Горан Наумовски

Илјадници протестираа во Истанбул поради апсењето на градоначалникот Имамоглу

Џонатан Мур за протестот во Белград: Снимката што ја видов не докажува употреба на звучен топ

Две млади момчиња паднале од ѕид во близина на Факултетот за ветеринарна медицина во Белград