Го оставиле како да имал несреќа, убиен маж кај Краљево

Од:

Припадници на српското МВР во Краљево ги уапсија браќата Д.В.(25) и Д.В.(26) од Трстеник, како и К.Р.(21) од Крушевац, З.В.(41) и Д.Л.(73), двајцата од Трстеник поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело тешко убиство.

Се сомничат дека, синоќа околу 22 часот по расправија и тепачка пред угостителски објект во местото Рудно кај Краљево, со него влегле во автомобил „фолксваген“ и додека го управувал возилото, тие го удриле неколку пати по главата и телото.

Потоа, како што се сомневаат истражителите, Д.В.(25) го расекол неколку пати со нож, по што жртвата излетала со возилото од патот. Браќата Д.В и Д.В продолжиле да го тепаат четириесет и едногодишниот маж, кој од повредите починал на лице место.

Петмината осомничени се обвинети дека за да го сокријат извршувањето на делото, телото на четириесет и едногодишен маж го ставиле во таква положба што изгледало како да загинал во сообраќајна незгода.

На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе бидат изведени во Вишото јавно обвинителство Краљево.

Би можело да ве интересира

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај „Мавровка“

Во двор ја задави со голи раце екс партнерката, соседите ја најдоа мртва

А1он

Вооружени напаѓачи убија седум патници во автобус во југозападен Пакистан

По петдневна потрага полицијата го уапси убиецот Емир Селимовиќ

Горан Наумовски

Граѓаните уплашени на местото каде што полицијата трага по монструмот Селимовиќ: „Може да ни дојде на врата“

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство