Главната косовска ревизорка побара да ѝ се намали платата за илјада евра

Од:

Генералната ревизорка на Косово, Вљора Спанца побара од републичкото Собрание да ѝ се намали платата од околу 3.800 на 2.800 евра месечно, меѓутоа надлежната собраниска Комисија не го прифати нејзиното барање, јави дописникот на МИА од Приштина.

На предлог на претседателот на Комисијата за буџет, труд и трансфери, Арменд Муја, одлуката по барањето на Спанца е одложена до добивањето анализа на примањата во институциите кои се сродни со Националната канеларија за ревизија на Косово (ЗРК).

Членовите на Комисијата од редовите на опозициските партии го поздравија барањето на Спарца, воедно критикувајќи ја Владата на Албин Курти затоа што сé уште не изготвила закон за регулирање на платите на вработените во јавниот сектор.

Спанца, која, на предлог на претседателката на државата, Вјоса Османи, е избрана на чело на државната ревизија пред неполни два месеци, во обраќањето пред собраниската комисија изјави дека смета оти нејзината плата, „поради економските околности, треба да се намали и да соодветствува на примањата на претседателот на Уставниот суд“.

Таа информира и дека по преземањето на функцијата одлучила да ги редуцира трошоците на ЗРК, така што ги намалила платите на одредени позиции, додека местото на советник за медиуми целосно го укинала.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска