Ѓул предупреди дека Сирија може да употреби хемиско оружје против Турција

Од:

Турскиот претседател Абдулах Ѓул предупреди на можноста Сирија да употреби хемиско оружје против Турција.

Во интервју за британскиот весник „Фајненшал тајмс“, Ѓул изјави дека при евентуална таква закана од страна на Сирија, може да биде одговорено со ракети „Патриот“ на НАТО.

“Познато е дека Сирија поседува хемиско оружје и има стари советски системи за истрелување, така што треба да се има предвид можноста за некаков вид на лудост во тој однос и да се изврши напад. Затоа треба да се преземе план во случај на непредвидена ситуација, а тоа треба да го направи НАТО” истакна Ѓул.

Анкара размислува да побара од НАТО распоредување ракети „Патриот“ на границата со Сирија.

Турскиот претседател, исто така, додаде дека според него неколкуте инциденти, во кои муниција од Сирија падна на турска територија, не биле случајни.

“Се разбира, ние не можеме да толерираме вакво дејствување и даваме потребен одговор” истакна Ѓул.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски