Ѓукановиќ: Црна Гора ја поддржува амбицијата на Косово да добие кандидатски статус

Од:

Црна Гора ги разбира амбициите на Косово да стане членка на Советот на Европа и да добие статус на кандидат за ЕУ ​​и ние силно го поддржуваме тоа, изјави денеска претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ по средбата во Подгорица со неговата колешка од Косово Вјоса Османи.

Ѓукановиќ истакна дека Црна Гора внимателно следи сè што се случува во преговорите меѓу Косово и Србија.

– Убедени сме дека може да се постигне одржлив договор. Со решавање на тоа прашање суштински би се решила стабилноста на овој регион, потенцира црногорскиот претседател.

Османи оцени дека само една земја во регионот не сака добрососедски односи, а тоа, како што рече, е Србија. – Тоа е единствениот извор на ризик за нестабилност. Стратешка цел на ЕУ е сите овие земји да станат членки на Унијата, бидејќи само така ќе се постигне мир во регионот, смета претседателката на Косово, додавајќи дека рускиот претседател Владимир Путин ги нарекува Црна Гора и Косово „привремени проекти“.

– Црна Гора и Косово се суверени држави и јасно посветени на патот кон членство во ЕУ. Ќе продолжиме да работиме на решавање на прашањата од нашето болно минато. Ќе продолжиме по патот на мирот и стабилноста, рече претседателката на Косово.

Според неа, Црна Гора досега покажала јасна поддршка за Косово во сите области.

Поддршката на Ѓукановиќ досега е многупати докажана. Не се сомневам дека поддршката од Црна Гора ќе продолжи, изјави Османи, која е во дводневна посета на Подгорица.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски