Ѓилас: Вучиќ ме сослуша, кажа дека ќе го соопшти својот став до крајот на неделата

Од:

Лидерот на Партијата за слобода и правда (ССП), Драган Ѓилас, по денешната средба со претседателот Александар Вучиќ изјави дека изнесол барање за нови избори во Белград до крајот на оваа година, јави дописникот на МИА од Белград.

– Тој ме ислуша и кажа дека ќе разговара со сопартијците (СНС) и дека до крајот на неделата ќе го соопшти својот став, изјави Ѓилас кој додаде дека разговорот бил тежок, „а особено тежок за мене, како што веројатно само јас и моите најблиски знаеме, во последните 10 години“.

Лидерот на ССП кажа дека со Вучиќ немале висок степен на согласност за она за што зборуваат, но се согласиле дека легитимитетот е многу важен за секоја влада.

– Излегов со барање дека само со нови избори може да се реши политичката криза, изјави Ѓилас, додавајќи дека најголем дел од приговорите на опозицијата се одбиени и дека правдата ќе ја бараат во Управниот суд.

Тој изјави дека за новите избори што ги предложил (до крајот на годинава), очекува во тој период да одат на Привремен орган, која во ова време мора да се формира.

– Да побараме паритетна застапеност во сите тела, да се проверат сите избирачки списоци, знаете ли колку поплаки има од граѓаните за луѓе што не живеат а се запишани во нивните станови … И од власта зависи да ги намали тензиите во општеството. Дали медиумите ќе бидат поинакви, дали собранието ќе биде поинакво, јас тоа не би го сакал за себе, туку за Србија. Во такви услови граѓаните на Белград навистина би можеле слободно да ја изразат својата волја. Исто така му кажав на Александар Вучиќ дека резултатите од изборите во Белград покажуваат дека во повеќето Белградски општини власта на СНС и СПС исто така има загрозен легитимитет, бидејќи во повеќето општини листите Обединети за победа на Белград и Мораме имаат вкупно повеќе гласови од СНС и СПС … Опозицијата победи во сите градски општини. Тоа бара да влеземе во процес на општинско ниво, изјави Ѓилас по средбата со Вучиќ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучиќ и Мицкоски разговараа за економски и инфраструктурни проекти, со посебен акцент за пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

Вучиќ: Ако е загрозена безбедноста на Москва, Путин нема да се двоуми, ќе употреби нуклеарно оружје

А1он