Заменик претседателот на демократската странка, Драган Ѓилас, бара лидерот Борис Тадиќ да се повлече од претседателската позиција.
Повикувајќи се на извори од партијата, „Блиц“, вели дека Ѓилас може во краен случај да направи своја партија.
Компромисен предлог е Тадиќ да биде почесен претседател, а Ѓилас да ја води партијата.
Изворот на „Блиц“, вели дека Тадиќ до сега бил цврсто одлучен да не се повлекува.