Геровасили: Клучот за решавање на проблемот со бегалците е во Турција

Од:

На критичниот самит на ЕУ Грција ќе потенцира дека Европа е на стратешка крстосница и мора да се соочи со економските, социјалните и политичките предизвици, во услови на единство и солидарност, изјави портпаролката на грчката Влада Олга Геровасили.

– Во однос на прашањето за бегалците, Грција ќе ги информира своите партнери дека е во завршна фаза на спроведувањето на своите обврски, но и оти секој мора да ги исполни своите обврски, рече таа.

Според неа, клучот за решавање на проблемот е во Турција, додавајќи дека спроведувањето на акциониот план ЕУ- Турција и НАТО треба да играат значајна улога со цел справување со илегалните мрежи за трговија, особено на турскиот брег, јави дописникот на МИА.

Таа, исто така, рече дека во рамките на самитот на ЕУ премиерот Алексис Ципрас ќе се сретне со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, а закажани се и трилатерална средба Грција-Германија-Турција и проширена седница на 11 земји-членки со учество на Турција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини