Германска НВО ќе гради прифатен центар за бегалци кај Солун

Од:

Германска невладина организација разработува планови за создавање нов прифатен центар за бегалци во близина на Терми, источно од Солун, дознава „Катимерини“.

Според весникот, претставници на голема германска НВО неодамна го посетиле Солун каде разговарале со локалните власти за создавање на центар со капацитет од 1.500 бегалци. Германците на локалните власти им понудиле пет милиони евра за користење на простор кој би се претворил во прифатен центар.

Во меѓувреме, мигрантите кои живеат во импровизираниот камп во близина на селото Идомени во северна Грција ги продолжуваат своите напори да ја преминат границата со Македонија. Група од околу 100 бегалци вчера се приближила до бодликавата жица на границата, но била вратена од страна на полицијата.

Во Грција се цитираат македонски медиуми, според кои во изминатите два дена македонската граница се обиделе да ја преминат околу 800 мигранти.

Грчкиот министер за миграциска политика Јанис Музалас вчера ја потврди намерата на властите во Атина, кампот во Идомени да се расчисти на мирен начин, но не даде временска рамка за евакуација на бегалците и мигрантите.

– Кампот кај Идомени мора да се расчисти и да биде затворен, рече тој и додаде дека мигрантите чии дозволи за престој истекле, автоматски ќе добијат нови кога ќе се преместат во државни прифатни центри.

Во кампот во Идомени моментално живеат повеќе од 10.000 луѓе.

Европската комисија завчера предложи продолжување на вонредните гранични контроли во Шенген зоната, истакнувајќи дека построгите проверки се поради недостатоците во управувањето од страна на Грција со надворешните граници на Европската унија.

Во меѓувреме, според новиот предлог за корекција на законите за азил во ЕУ, земјите-членки кои ќе одбијат да прифатат бегалци ќе се соочат со големи казни.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит