Германија: Стабилноста и развојот на Западен Балкан се од витално значење за Европа

Од:

Стабилноста и развојот на Западен Балкан се од витално значење за Европа, а трајната стабилност бара сеопфатен и одржлив договор меѓу Белград и Приштина, соопшти германското Министерство за надворешни работи по состанокот меѓу министерот за надворешни работи Хајко Мас и специјалниот претставник на ЕУ од Мирослав Лајчак.

Западен Балкан е високо на агендата на германското претседателство со Советот на ЕУ, соопшти министерството синоќа на Твитер.

– Ние сакаме брз, видлив напредок за луѓето во регионот. Иднината на Западен Балкан е во Европа. Затоа ЕУ мора да има водечка улога, велат од Министерството.

Се додава дека трајната стабилност во регионот бара сеопфатен и одржлив договор меѓу Косово и Србија.

– Тоа е клучен предуслов за реализација на европската перспектива на двете земји.

Специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, вчера во Берлин се сретна со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас и советникот за надворешни работи на Ангела Меркел, Јан Хекер.

– Разговаравме за дијалогот меѓу Белград и Приштина, со кој посредува ЕУ и за важноста на првата средба на високо политичко ниво, што се организира на 12 јули после самитот во Париз, напиша Лајчак на Твитер.

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон во петок на 10 јули организираат видео самит посветен на Западен Балкан и дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Би можело да ве интересира

Венс: Европа не може засекогаш да биде „безбедносен вазал“ на Америка

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

Додик: Ваква Европа нема иднина и тешко може да се спаси

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Мерц: Коалицијата на конзервативците и СПД е сигнал дека Европа може да се потпре на Германија