Овој Парламент и оваа Влада се целосно делегитимирани и не се во состојба да работат повеќе, изјави денеска потпретседателот на бугарската партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Цветан Цветанов.
На средба со општинските раководства на ГЕРБ-Софија, пред повеќе од 200 луѓе, Цветанов истакнал дека парламентарната група на партијата ќе продолжи и понатаму да докажува дека Владата на премиерот Пламен Орешарски зависи единствено од Атака, а БСП и ДПС не можат обезбедат ниту кворум во Парламентот, ниту стабилност на оваа штетна власт за Бугарија.
– Веќе втора недела сме сведоци дека Парламентот не може да работи и да донесува закони, дека е на повидок парламентарна криза, а Владата не располага со мнозинство, кое ќе ја гарантира нејзината стабилност и легитимност, нагласи Цветанов.
Тој потенцира дека ГЕРД, како и секогаш, ќе учествува самостојно на предвремените парламентарни избори и нема да се вклучува во коалиции.