Генерален штрајк во Грција на 26 септември

Од:

Грчките најголеми работнички синдикати денеска ги повикаа работниците на 26 септември да стапат во 24-часовен штрајк со цел да протестираат против новиот бран мерки за штедење кој го бараат меѓународните кредитори.

Не можеме да поднесеме повеќе штедење, изјави Илиас Илопулос, генерален секретар на синдикатот на јавниот сектор АДЕДУ.

Грчката конфедерација на синдикати на вработени во приватниот сектор ГСЕЕ исто така ќе учествува во штрајкот.

Ова ќе биде прв голем национален штрајк откако во јуни дојде на власт коалициската владата предводена од конзервативците.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната