Генерален 24-часовен штрајк во Грција

Од:

Против покачувањата на цените, сиромаштијата и нееднаквоста и со барање за зголемување на платите, најголемите синдикати на вработените во јавниот и приватниот сектор во Грција, од шест часот утрово започнаа 24-часовен генерален штрајк што ќе ја парализира земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Поради генералниот штрајк, нема да функционира јавниот сектор, во прекин, 24 часа ќе биде бродскиот и железничкиот сообраќај, а проблеми ќе има и во јавниот превоз во Атина, метрото, трамвајот и тролејбусите нема да функционираат, единствено ќе сообраќаат автобусите, но само од 9 до 21 часот.

Првично беше најавено учество и на контролорите на летање, што ќе создадеше сериозни проблеми во авио сообраќајот, меѓутоа штрајкот беше прогласен за незаконски, па така сите летови ќе функционираат регуларно.

Со четиричасовен прекин на работата од 12 до 16 часот во штрајкот учествуваат и грчките новинари.

Двата синдикати ќе одржат и протест во центарот на Атина а собири се очекува да има и во другите грчки градови.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната