Европската Унија направи голем гаф три часа пред затворањето на изборачките места во Србија честитајќи му ја победата на Томислав Николиќ.
„Сакаме да му ја честитаме победата на господинот Николиќ на претседателските избори во Србија. Исто така сакаме да му честитаме на српскиот народ за изборите на 6 и 20 мај кои беа натпреварувачки и мирни. На претседателот Николиќ му посакуваме успех во соочувањето со предизвиците и исполнувањето на големите очекувања на српскиот народ во економскиот напредок и благосостојба“, стои во соопштението на Европската Унија.
Соопштението е повлечено веднаш, а исправката е направена после половина час.